ВАШ ПАРТНЕР
за хигиена и медицинска сигурност.
За нас
Мак Медхем ДОО е компанија основана на 06.08.2020 година
Специјализирана за дистрибуција на професионални хигиенски производи, средства за чистење и медицинска опрема. Со фокус на квалитет, сигурност и усогласеност со стандарди, компанијата обезбедува решенија за деловни, институционални и здравствени објекти.
Што нудиме
Мак Медхем ДОО врши дистрибуција на професионални средства за хигиена и чистење, професионални хартиени хигиенски производи, како и медицинска опрема наменета за институционална и здравствена употреба. Компанијата исто така нуди професионална опрема и алатки од брендот Vileda Professional, познати по својата издржливост и ефикасност во секојдневното одржување на хигиената.
Лиценци и безбедност
Компанијата поседува лиценца за работа со хемикалии и лиценца за работа со медицинска опрема, со што се обезбедува целосна усогласеност со законските прописи и безбедно користење на сите производи.
Нашата визија
Да бидеме препознатлива компанија за професионална хигиена и медицинска опрема, како доверлив партнер за компании, институции и здравствени установи.
Нашата мисија
Преку квалитетни производи, професионален пристап и сигурна дистрибуција, да обезбедиме ефикасни хигиенски решенија кои одговараат на современите потреби на клиентите.
Нашите вредности
- Квалитет и сигурност
- Професионалност и одговорност
- Усогласеност со стандарди
- Доверба и долгорочна соработка
ОФИЦИЈАЛНИ ПАРТНЕРИ
Мак Медхем ДОО соработува со реномирани производители и компании во областа на професионалната хигиена и медицинската опрема, со цел обезбедување висок квалитет и сигурност.